Ѓорческа стратуваше со победа на фјучрсот во Унгарија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пресврт стигна до триумф во 1.коло на фјучрсот што се игра во унгарскиот град Ѓер за награден фонд од 25.000 долари. Таа потешко од очекувањето ја победи квалификантката од Србија Марина Качар со 2:1 (3:6; 6:4 и 6:1) во сетови.

Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а брејк направи за водство од 3:1 и успеа да ја зачува предноста. Во вториот сет резултатот беше изедначен до 4:4 во гемови, а потоа Ѓорческа освои два гема и го доби сетот со 6:4. Во решавачкиот сет нашата тенисерка беше доминантна и поведе со 4:0 и сетот го заврши со 6:1 во гемови.

Мечот траше 112 минути.

Следна противничка на Ѓорческа ќе и биде втората носителка на турнирот Барбара Хас од Австрија која со 2:0 (6:2 и 6:2) ја победи Софија Ковалец од Украина.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ