Ѓорческа со победа во Сараево

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа постигна победа во мечот од 2. коло на фјучрс турнириот во Сараево (награден фонд 15.000 долари). Таа денеска ја победи Французинката Шеразад Ре со 2-0 во сетови. По сетови мечот заврши 6-3 и 7-6 (7-5).

Во следното коло нашата тенисерка ќе игра против Србинката Тамара Ќуровиќ, која славеше победа со 2-1 (7-6, 1-6 и 7-5) во сетови над Алиса Балдучи од Италија (6. носителка). Ќуровиќ се наоѓа на 589.место на ВТА листата.

Ѓорческа попладнево во двојки со Ирина Марија Бара од Романија во четвртфиналето ќе играат против италијанско-грчката комбинација Балдучи – Папамихали.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ