Ѓорческа продолжува со настапите на фјучрсот во Беинаско

Од:

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа ги продолжи настапите на фјучрсот што се игра во италијанскиот град Беинаско.

Таа по вчерашната победа во конкуренција на двојки денеска ќе игра два меча.

Турнирот се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Во поединечна конкуренција во 2.коло Ѓорческа ќе игра против Јелена Симиќ (БиХ, 456.мести на ВТА), додека во двојки заедно со Деа Џерџелас (БиХ) во четвртфиналето ќе настапат против Кристина Ене (Романија) и Вивиен Јухазова (Словачка).

Вчера во првото коло во конкуренција на двојки ги победија Русинките Марија Марфутина и Алина Силич.

На фјучрсот во Хамамет, Тунис (награден фонд 10.000 долари) македонскиот тенисер Томислав Јотовски во првото коло игра против Талес Турини од Бразил. Мечот денеска треба да продолжи откако е прекинат во првиот сет при резултат 3:3 во гемови.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ