Ѓорческа полуфиналистка во сингл и финалистка во дубл на фјучрсот во Тунис

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја постигна и третата победа во сингл конкуренција на фјучрсот во Хамамет, Тунис.

Таа денеска во четвртфиналето ја совлада Полина Монова од Русија со 2:1 во сетови за два часа игра. Првиот сет и припадна на Монова со 6:1 во гемови, а следниот сет Ѓорческа го доби без загубен гем 6:0. Во решавачкиот сет беше 6:4 за нашата тенисерка.

Утре, во полуфиналето Ѓорческа (2.носител) ќе игра против Јулија Грабер (Австрија, 6.носителка). Тенисерката од Австрија има 19 години и се наоѓа на 433 место на ВТА листата, а денеска ја победи Анџелика Моратели (Италија) со 2:0 во сетови.

Во конкуренција на двојки, Ѓорческа и Изабела Шиникова (Бугарија) без борба стигнаа во финалето, каде ги очекуваат победничките од вториот полуфинален дуел. Според програмата Ѓорческа утре треба да го игра финалето во двојки.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ