Ѓорческа полуфиналистка во Истанбул

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Истанбул што се игра за награден фонд од 50 илјади долари. Таа денеска во четвртфинале ја победи седмата носителка Кристина Дину од Романија со 2:1, по сетови 1:6, 6:3 и 6:4.

Воедно ова е прв триумф за Лина во третиот дуел со романската тенисерка.

За место во финалето Македонката утре ќе има меч со Барбара Стефкова (246. место ВТА) од Чешка, која во полуфиналето се пласира откако ривалката Александра Каданту од Романија го предаде мечот при резултат 6:2 и 3:1 во вториот сет.

Ѓорческа досега на турнирот одигра шест мечеви во сингл, три во квалификации и три на главниот турнир.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ