Ѓорческа го заврши настапот на фјучрсот во Ѓер

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на фјучрс турнирот во унгарскиот град Ѓер што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа денеска претрпе два пораза по еден во поединечна конкуренција и еден во игра на двојки.

Во мечот од второто коло во поединечна конкуренција загуби со 2:0 во сетови од втората носителка Барбара Хас од Австрија. Во првиот сет противничката беше постојано во водство и имаше брејк предност и сетот го доби со 6:3. Во вториот сет, сликата на теренот се смени во првиот дел и Ѓорческа водеше со 2:0 и 4:2, но потоа дозволи противничката да освои четири гема во серија и сетот да го добие со 6:4. Мечот траеше 110 минути.

Во игра на двојки Ѓорческа со Перма Озген од Турција во четвртфиналето загубија со 2:0 во сетови (6.2 и 6:3) од Каролина Мухова (Чешка) и Тамара Зиданшек (Словенија).

За пласманот во второто коло во сингл нашата тенисерка ќе освои пет поени.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ