Ѓорческа го освои турнирот во Маниса

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин го заврши настапот на фјучрсот во турскиот град Маниса, што се играше за награден фонд од 10.000 долари.

Таа денеска во финалето на Алона Фомина од Украина и препушти само три гема и без загубен сет со пет победи го освои пехарот на овој турнир.

Во двата сета беше 6:1 и 6:2 во гемови нашата тенисерка и со триумфот на турнирот освои и 12 нови поени. Мечот траше точно еден час, а скорот на освоени поени беше 58:33 за Ѓорческа.

Ова за Ѓорческа е седма турнирска победа во поединечна конкуренција или втора во 2016 година, а откако го откажа настапот на фјучрсот во Тунис, следниот настап ќе го има во унгарскиот град Ѓер каде ќе игра на турнир со награден фонд од 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ