Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со триумф на фјучрс во Анталија ја почна сезоната во 2016 година.
Ѓорческа беше прва носителка на турнирот и во финалето ја победи втората носителка Екатерина Горгодзе од Грузија со 2:1 во сетови (1:6; 6:2 и 6:3).
До првиот трофеј во 2016 година Македонката стигна за нешто повеќе од еден ипол час игра. Ова беше шеста титула вонејзината кариера.
Ѓорческа денеска ќе игра и во финалето во двојки на исиот турнир. Таа во дубл настапува со Јоана Лоредана Роска, а нивни ривалки ќе бидат Штефи Дистелманс и Киара Грим.