Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, потешко од очекувањата го победи квалификантот Бјорн Фратанџело со 2-1, по сетови 2:6, 6:1 и 6:2 и се пласира во 1/16 финалето на АТП турнирот во Индијан Велс што се игра на тврда подлога.
Од фаворитите пласман во следната рунда обезбедија и Жо Вилфрид Цонга, Рафаел Надал, Џон Иснер, Кеи Нишикори, Ришар Гаске, Стан Вавринка и Енди Мареј.
Во женска конкуренција ноќеска победи остварија Јелена Јанковиќ и Симона Халеп.
Пласман во 1/8финалето обезбеди и првата носителка Серена Вилијамс, исто како и фаворитките Агнешка Радванска и Петра Квитова.