Ѓоковиќ во Атина се чувствува како дома – конечно го реши и Чилеанецот Табило

Од:

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ успеа да го совлада Чилеанецот Алехандро Табило во третиот обид, а победата од 7-6 и 6-1 му обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот АТП 250 во затворен простор во Атина.

Во претходните два натпревари, двата одиграни на земјена подлога, минатата година во Рим и оваа година во Монте Карло, Табило изненадувачки убедливо го победи српскиот тенисер.

Тоа секако беше дополнителен мотив за 38-годишниот Ѓоковиќ, кој на својот нов „домашен“ терен, во градот каде што живее со своето семејство веќе два месеци, го доби изедначениот прв сет во „тај-брејк“, а потоа целосно го надигра својот десет години помлад противник во вториот, воодушевувајќи неколку илјади свои фанови во ОАКА Арената.

„Навистина се чувствувам како дома, тука во Атина“, рече видливо среќниот Ѓоковиќ по натпреварот, откако им се обрати на гледачите на грчки јазик со неколку зборови.

Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го чека победникот од дуелот меѓу Португалецот Нуно Борхес и Американецот Елиот Спицири.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Новак се мачеше, но стигна до третото коло на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

А1он