Ѓоковиќ уверливо на полуфиналето на Ролан Гарос

Од:

Новак Ѓоковиќ без проблеми влезе во полуфиналето на Ролан Гарос, откако уверливо со 3:0 во сетови го порази Александер Зверев.

Рекетот број еден во светот не беше во најдобра форма, но сепак после два часа игра успеа да го победи германскиот тенисер, кој имаше шанса на првиот сет кога сервираше за освојување на сетот, но сепак го изгуби со 7:5 во гемови.

Останатите два сета, Новак беше сигурен на својот серви, а на Зверев четири пати му го зеде неговиот сервис, со што го обезбеди влезот во полуфиналето на отвореното француско првенство, каде го чека дуел со Доминик Тием.

Доколку ја помине и оваа препрека, Ѓоковиќ во финалето ќе игра против победникот од вториот полуфинален меч меѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ