Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на трофејот во Индијан Велс

Од:

Новак Ѓоковиќ успешно ја почна одбраната на трофејот на АТП турнирот во Индијан Велс, САД. Србинот ноќеска го победи Кајл Едмунд (Велика Британија) со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6.

Ѓоковиќ кој е прв фаворит по испаѓањето на првиот светски рекет Енди Мареј, во следната рунда ќе се сретне со Хуан Мартин Дел Потро од Аргентина.

Од другите фаворити за највисок пласман, место во третата рунда обезбедија Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Надал беше убедлив на мечот со Густаво Пела (Аргентина) со 6:3 и 6:2.

Федерер исто така во два сета со 6:2 и 6:1 го совлада Стефан Роберт од Франција.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ истрча во парк во Париз и ѝ помогна на жена со куфери, Французите воодушевени

А1он

Тенис Австралија негира дека Ѓоковиќ се повлекол од АТП купот

ВИДЕО: Ѓоковиќ на три чекори до вечноста

Катерина Ѓуровски

Ѓоковиќ експресно во третото коло на УС Опен

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати