Ѓоковиќ сруши рекорд на Федерер – до крај на годината може уште еден

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сруши рекордот по број на недели поминати во Топ 5 на АТП листата.

Српскиот ас ја започнува својата 860-та недела во Топ 5 на АТП листата оваа недела, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше Роџер Федерер со 859 недели.

Особено импресивен факт е дека Ѓоковиќ помина 428 од тие 860 недели на првото место, што е убедливо најмногу во историјата. Федерер е втор со 310 недели на врвот.

Ова значи дека тој поминал речиси половина од времето (49,8 проценти) во Топ 5 како број 1, додека речиси 70 проценти од времето бил меѓу двајцата најдобри тенисери во светот.

Ѓоковиќ моментално е на 939 недели во Топ 10, второ најмногу време зад Федерер (968).

Доколку го одржи континуитетот и остане на врвот на светот, српскиот тенисер би можел да стане рекордер по бројот на недели во Топ 10 веќе во ноември.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ против Ембер во првото коло на турнирот во Базел

A1on

Ѓоковиќ e елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД

Ѓоковиќ: Сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри

А1он

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски