Ѓоковиќ со победа против Гранољерс ја почна одбраната на титулата на Ролан Гарос

Од:

Актуелниот шампион на Ролан Гарос и втор тенисер на светот Новак Ѓоковиќ постигна победа од 3-0 во сетови во мечот од првото коло на Грен слем турнирот во Париз. Тој беше подобар од Марсел Гранољерс. Во второто коло тој ќе игра со Жоао Соуса, кој со 3-1 во сетови го совлада Јанко Типсаревиќ.

Од фаворитите кои досега се појавија на теренот на вториот ден од турнирот максимални победи од 3-0 во сетови постигнаа: Рафаел Надал против Бено Пер, потоа Милош Раониќ против Стив Дарцис и Давид Гофан го совлада Пол Матју.

Во женска конкуренција шампионката од лани Гарбине Мугуруза ја совлада Франческа Скиавоне, која победи на Ролан Гарос во 2010 година, додека пласман во второто коло обезбеди и Каролине Возниацки со триумфот над Жеме Фурлис.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ истрча во парк во Париз и ѝ помогна на жена со куфери, Французите воодушевени

А1он

Тенис Австралија негира дека Ѓоковиќ се повлекол од АТП купот

ВИДЕО: Ѓоковиќ на три чекори до вечноста

Катерина Ѓуровски

Ѓоковиќ експресно во третото коло на УС Опен

Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Синсинати