Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно тргна на патот кон одбрана на трофејот на Мастерсот во Мајами. Тој ноќеска го совлада Кајли Едмунд од Велика Британија во два сета со по 6:3.
Второто коло ноќеска успешно го мина уште еден фаворит. Ришар Гаске (Франција) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:4 беше поуспешен од Алберт Рамос (Шпанија).
Во третото коло противник на Ѓоковиќ ќе биде португалскиот тенисер Жоао Соуза, додека Гаске кој е десетти носител ќе игра со Беноа Пер.