Ѓоковиќ прв финалист на Грен слемот во Мелбурн

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во финалето на тенискиот турнир Австралија Опен. Србинот денеска во полуфиналниот меч го победи Роџер Федерер со 3-1.

Ѓоковиќ одигра сигурно во првите два сета дозволувајќи му на Швајцарецот да освои вкупно три гема (6:1 и 6:2). Затоа пак, третиот сет му припадна на Федерер со 6:3, а со истиот резултат Ѓоковиќ го доби четвртиот сет за конечна победа.

За српскиот тенисер ова беше 23.победа во 45.меѓусебен дуел со Федерер. Воедно Ѓоковиќ го оствари 56.триумф на АО, додека Федерер остана на 80 победи со 12 порази.

Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе биде подобриот од полуфиналната пресметка Милош Раониќ – Енди Мареј закажана за утре во 9 часот и 30 минути.

Бранител на трофејот од минатата сезона е Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ