Ѓоковиќ против Мареј во финалето во Мадрид

Од:

Новак Ѓоковиќ ќе му биде противник на Енди Мареј во финалето на АТП Мастерс турнирот во Мадрид. Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ соноќа во два сета го победи Јапонецот, Кеи Нишикори во полуфиналниот меч во Мадрид.

Србинот го доби првиот сет со 6:3. Во вториот се играше многу поизедначено, па по голема борба Ѓоковиќ го доби сетот во тај-брејк со 7:6 (7:4 на поени).

Тоа беше осми триумф за Ѓоковиќ во десетиот дуел со Нишикори.

Тој за трофејот во шпанската престолнина ќе се бори со минатогодишниот победник на овој турнир Британецот, Енди Мареј кој во полуфиналето го елиминира миленикот на домашната публика Рафаел Надал во два сета со 7:5 и 6:4.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ