Ѓоковиќ: Подготвувањето за овој турнир и сè со што морав да се соочам во последните неколку недели беше психолошки и емоционално тешко

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на УС Опен од Русинот Даниел Медведев (4:6, 4:6, 4:6) рече дека е исцрпен на психолошки план.

-Емотивно, тоа беше многу тежок период за мене во последните 5-6 месеци. Грен слемот, Олимпијадата и домашниот турнир во Белград. Се натрупаа сите емоции што ги доживеав. Подготвувањето за овој турнир и сè со што морав да се соочам во последните неколку недели беше психолошки и емоционално тешко. Беше тешко да се справам со тоа. Мило ми е што, конечно, оваа трка заврши, изјави Ѓоковиќ за официјалната веб-страница на УС Опен.

Медведев ја освои четвртата титула во 2021 година, додека Ѓоковиќ не успеа да комплетира календарски Грен слем.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер