Ѓоковиќ победник на Мастерсот во Мајами

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот 1000 во Мајами. Тој во финалето синоќа го победи Јапонецот Кеи Нишикори со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3.

За Србинот ова беше 28.та титула на Мастерс 1000 турнирите со што стана рекордер поминувајќи го досега најуспешниот, Рафаел Надал.

– Ова место за мене е посебно. Тука ја освоив својата прва голема титула и се започна така, изјави Ѓоковиќ по завршувањето на мечот.

Ѓоковиќ ја освои вкупно шестата титула во Мајами или вкупно 63.та во кариерата. Тој воедно четири пати успева да победи на двата Мастерса едноподруго во Индијан Велс и Мајами.

На новата ранг листа Ѓоковиќ е прв со 16.540 поени, пред Енди Мареј со 7.815, а следуваат Рожер Федерер со 7.695 и Стан Вавринка со 6.370. Во ТОП 5 се наоѓа и Рафаел Надал со 4.955 поени.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ