Иако претходно беше потенцирано дека Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи на претстојниот Ролан Гарос доколку не прими вакцина против ковид, тоа се промени. Откако Франција реши да направи промени во политиката во однос на зелените сертификати, најдобриот светски тенисер сега спаѓа под „исклучок“.
Djokovic, ora Parigi apre le porte: green pass come guarito entro sei mesi https://t.co/frueDrs2KI
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 22, 2022
Имено, луѓето кои заболеле од Ковид во последните шест месеци можат непречено да циркулираат во Франција, што значи дека Ѓоковиќ без проблем ќе може да влезе во оваа земја, со оглед на тоа што кон средината на декември добил позитивен тест за Ковид-19.
Тоа значи дека неговиот „пас“ важи барем до средината на јуни, исто колку што ќе трае Ролан Гарос во главниот град на Франција. Ова е најновата одлука на француската влада, која потоа беше потврдена во тамошниот национален парламент.
Сите спортисти од понеделник ќе треба да го имаат на располагање таканаречениот „супер ковид-пасош“ кој се добива доколку се вакцинирани или поминале најмалку 11 дена од закрепнувањето од ковид, а не повеќе од шест месеци од тој датум.
Турнирот во Франција започнува на 22 мај, а завршува на 5 јуни. Новак доби позитивен тест за коронавирус на 16 декември, а Србија има договор со Франција, но и со сите земји од Европската унија, за меѓусебно признавање на сертификатите, па затоа Ѓоковиќ нема да треба да се грижи околу својот престој во Париз до 16 јуни.