Ѓоковиќ испадна од УС Опен: Го играв најлошиот тенис досега

Од:

Алексеј Попирин го совлада Новак Ѓоковиќ во третото коло на годинашниот УС Опен со резултат 3:1 (6:4, 6:4, 2:6, 6:4), а најдобриот тенисер во историјата на белиот спорт остана без грен слем титула во 2024 година.

Веднаш по мечот, Ѓоковиќ му ја честиташе победата на Попирин, истакнувајќи дека противникот одиграл подобро и ја заслужил победата.

– Го играв најлошиот тенис досега – нагласи Новак и додаде:

– Не можев да ја најдам мојата игра. Пробав многу работи, но беше психички предизвик да играм овде.

Ѓоковиќ истакна и дека на УС Опен дошол уморен по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.

– Потрошив многу енергија после тоа злато, дојдов овде и не бев доволно спремен психички и физички. Ми снема „бензин“. Не се пронајдов себеси, само тоа можам да кажам. Животот продолжува, рече Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера

Новак Ѓоковиќ ќе добие статуа во Мелбурн парк пред арената Род Лејвер