Ѓоковиќ и Надал обезбедија пласман во 3. коло на Ролан Гарос

Од:

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал обезбедија пласман во 3. коло на Ролан Гарос откако попладнево со 3-0 во сетови ги совладаа своите ривали.

Ѓоковиќ го победи Стив Дарцис, додека Надал беше поуспешен од Факундо Бањис. Притоа ова беше 200-та победа за Надал на Грен слем турнирите.

Пласман во 3. коло на досега завршените мечеви кај мажите обезбедија уште Аљаз Бедене, Томаш Бердих, Пабло Куевас, Доминик Тием и Ернестс Гулбис.

И тенисерките денеска играат мечеви од второто коло и на досега завршените дуели немаше поголеми изненадувања. Пласман во следната рунда изборија Ана Ивановиќ, Карла Суарез Наваро, Доминика Цибулкова, Јулија Путинцева, Карин Кнап, Кики Бертенс, Полине Перментие и Тимеа Башчински.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ