Ѓоковиќ и Надал ќе се сретнат во четвртфиналето на Ролан Гарос

Од:

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и најдобриот тенисер во историјата на Ролан Гарос Рафаел Надал оваа година меѓу себе ќе играат во четвртфиналето на турнирот во Париз. Синоќа во мечевите од осминафиналето и двајцата постигнаа победи.

Ѓоковиќ го победи Ришар Гаске со 3:0 во сетови и притоа загуби само шест гема (6:1; 6:2; 6:3).

Надал загуби еден сет во мечот со Џек Сок – 3:1 (6:3; 6:1; 5:7 и 6:2).

На машкиот дел од турнирот немаше изненадувања и сите фаворите се пласираа во четвртфиналето.

Енди Мареј ќе игра против Давид Ферер, Кеи Нишикори против Жо-Вилфред Цонга (само Цонга го елиминира Томаш Бердих од првите осум носители) и Рожер Федерер против Стан Вавринка.

Во женска конкуренција имаше неколку изненадувања, па во осминафиналето беа елиминирани Марија Шарапова и Петра Квитова.

Денеска на програмата се по два четвртфинални меча во двете конкуренции: Ана Ивановиќ игра против  Елина Свитолина и Гарбине Мугуруза за ривалка ја има Луси Сафарова кај жените и Нишикори – Цонга и Федерер – Вавринка кај мажите.

Би можело да ве интересира

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ

Зверев го „реши“ Надал во првата рунда

Предраг Петровиќ