Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се потврдени учесници за загревачкиот турнир пред УС Опен – Синсинати, со што се зголемуваат шансите двајцата да учествуваат во Њујорк.
Учеството на првите двајца во светскиот ранг на „Флешинг Медоус“ е во прашање за многумина, бидејќи поместениот „Ролан Гарос“ започнува веднаш по завршувањето на вториот Гренд слем турнир за 2020 година.
Со оглед на фактот дека календарот е згуснат на досега невиден начин поради пандемијата на коронавирус, веста за учеството на двајцата во Синсинати, кој годинава ќе се одржи во Њујорк, заради безбедносни мерки и ограничувања за патувањето на играчите, е одлично за љубителите на тенисот.
Поизненадувачки е вклучувањето на Надал, кој претходно го потврди своето учество на Мастерсот во Мадрид, што ќе се случи веднаш по завршувањето на УС Опен.