Ѓоковиќ финалист на Мастерсот во Рим

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерсот во Рим откако во три сета со 2-1 го совлада Милош Раониќ од Канада. Првиот сет му припадна на Раониќ со 7:6 (7:5 во тај брекот), а на ист начи Ѓоковиќ изедначи добивајќи го вториот сет со 7:6 (7:4 во тај брекот).

Во решавачкиот сет беше 6:3 во гемови за Ѓоковиќ. Мечот траеше 3 часа, а противник во утрешното финале на српскиот тенисер ќе му биде победникот од второто полуфинале кое се игра вечерва меѓу Рафаел Надал (Шпанија) и Григор Димитров (Бугарија).

Во женското полуфинале Сара Ерани од Италија ја победи Јелена Јанковиќ од Србија со 6:3 и 7:5 во гемови и по 29 години италијанска тенисерка ќе игра во финалето на турнирот во Рим. Во второто полуфинале ќе играат Серена Вилијамс и Ана Ивановиќ.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ