Ѓоковиќ – Федерер во машкото финале на US Open

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат во неговата кариера ќе настапи во завршниот меч на Грен слемот во Њујорк, каде противник ќе му биде Рожер Федерер.

Ѓоковиќ ноќеска за нешто помалку од 90 минути го победи актуелниот шампион на US Open, Марин Чилиќ од Хрватска со 3-0.

Првиот светски рекет на противникот му препушти само три гема. По сетови резултатот беше 6:0, 6:1 и 6:2.

Воедно, ова беше 14-та победа за Ѓоковиќ во исто толку меѓусебни дуели со Чилиќ.

Во второто полуфинале се случи швајцарска пресметка меѓу Федерер и Стан Вавринка. Поискусниот беше убедлив со 3-0, по сетови 6:4, 6:3 и 6:1.

Мечот за трофејот е закажан за утре од 18 часот.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2