Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 24. Грен слем титула.
Во фантастичното финале на Вимблдон, Ѓоковиќ во пет сета беше поразен од Карлос Алкараз, кому ова му е втора Грен слем титула, со 3:2 (1:6, 7:6 (8:6), 6:1, 3: 6, 6: 4).
Новак остана на 23 Грен слем титули, од кои седум се во Лондон. Воедно ја прекина серијата од четири последователни титули во Ол Ингланд клубот, како и десетгодишната традиција од последниот пораз на Централниот терен.
Шпанецот го заврши и сонот на Новак за златен слем.
Карлос Алкараз по својата втора Грен слем титула ќе го задржи првото место на АТП листата.
Финалето траеше четири часа и 42 минути.