Ѓоковиќ: Да живеат сите народи на поранешна СФРЈ

Од:

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ продолжи да го бодри населението во Србија, Хрватска и БиХ, кои се загрозени од катастрофалните поплави.

-Срцето ми се кине кога гледам колку луѓе се евакуирани и загрозени во Босна, над 950.000, издржете браќа. Помош пристигнува од светот- напиша тој на „Твитер“.

gokovic-dt

Ѓоковиќ во недела го освои турнирот во мастер серија во Рим, а триумфот го посвети на загрозените.

 -Гледам дека и источниот дел на Хрватска е погоден со поплавите. Искрено се надевам дека нема да го погоди во исти мерки како Србија и БиХ. Да живеат сите народи на поранешна Југославија, Господ нека е со вас- додаде Ѓоковиќ, кој својата парична награда од Рим ќе ја донира за поплавените места.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се појави видеото од водителот кој го навреди Ѓоковиќ и српските навивачи

ВИДЕО: Илон Маск му изрази поддршка на Ѓоковиќ кој одби интервју по победата

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг