Ѓокиќ потпиша едногодишен договор со Вардар

Од:

Црногорската репрезентативка Ана Ѓокиќ е 14.та ракометарка која годинава го засилува македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ. Искусниот  пикер која со Црна Гора ја освои титулата европски првак со Вардар СЦБТ потпиша едногодишен договор.

Таа е трета вардарка од редовите на актуелниот европски шампион и олимписки вицешампион и во Скопје им се придружува на Андреа Кликовац и на Јованка Радичевиќ.

Ѓокиќ е родена во Аранѓеловац, Србија, но како натурализиран играч настапува за селекцијата на Црна Гора. Во ЖРК Вардар СЦБТ доаѓа по една сезона помината во Русија, во екипата на Ростов. Претходно таа три сезони ги бранеше боите на Будуќност и беше дел од состав на црногорската екипа кој во 2012  ја освои Лигата на шампионите, постигнувајќи го клучниот гол во финалето со Ѓер.

Во сезоната 2008/2009, Ѓокиќ настапуваше за Подравка Вегета, а најголем дел од кариерата помина во составот на Ѓер во Унгарија каде играше во периодот од 2002 до 2008 година. Професионалната ракометна кариера Ана Ѓокиќ ја почна во Напредак Крушевац во 1998 година од каде по три сезони се пресели во Унгарија што беше прв чекор во нејзината интернационална кариера.

Во репрезентативниот дел од нејзината биографија запишани се настапите за две репрезентации – прво за заедничката селекција на Србија и Црна Гора,а потоа за Црна Гора.

Со репрезентацијата на Србија и Црна Гора, Ѓокиќ освои сребрен медал на Медитеранските игри во Алмерија во 2005 година. Со црногорската репрезентација настапи на СП 2011 во Бразил (10.место), освои сребро на ОИ 2012 во Лондон и на крај репрезентативната кариера ја круниса со злато на ЕП 2012 во Србија.

Во дресот на ЖРК Вардар СЦБТ, Ана Ѓокиќ заедно со другите  засилувања, новата сезона ќе ја отворат на стратот од подготовките на 17 јули.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска