Ѓер прв финалист во женската ракометна Лига на шампиони

Од:

Ракометарките на Ѓер се првите кои обезбедија пласман во финалето на Лигата на шампионките.

Унгарскиот првак го победи актуелниот европски шампион Будуќност со 21:20 во првиот полуфинален меч на завршниот Фајнал-фор турнир што се одржува во Будимпешта.

Во првото полувреме угранската екипа имаше повеќе од играта па на поауза заминаа со три гола предност. Во воведните три минути од вториот дел Будуќност направи серија од 4:0, и дојде до водство од 12:11. Во продолжение на мечот цврстата одбрана беше главна карактеристика на играта на двете екипи, но во нападот попрецизни беа домашните ракометарки, па преводени од триото, Грот, Аморин и Локе кои постигнаа по 4 гола, на крајот сосема заслужено се радуваа на победата со конечни 21:20.

Сега ракометарките на Ѓер ќе го очекуваат исходот од вториот полуфинален меч во кој македонскиот шампион ЖРК Вардар за противник ќе ја има романската екипа Букурешт, во дуелот кој ќе започне од 17 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска