Ѓер прв финалист во ракометната Лига на шампиони

Од:

Унгарски Ѓер ќе игра во финалето на „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите за ракометарки откако попладнево во Будимпешта го совлада црногорскиот првак Будуќност со 26:20.

Ѓер ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар, на полувреме водеше со 12:9 и сосема заслужено избори место во утрешното финале во кое ќе го брка третиот континентален шампионски трофеј.

Будуќност останува на четирите шампионски титули во елитното натпреварување.

Најзаслужна за триумфот на унгарскиот состав беше Анита Горбич со 9 погодоци. Во поразениот тим најефикасна беше Кристина Неагу со 7 погодоци, Катарина Булатовиќ постигна 6 гола.

Во второто полуфинале од 17:15 часот ќе играат македонскиот шампион Вардар и актуелниот европски првак ЧСМ Букурешт.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска