Со натпреварот меѓу Ѓер и Букурешт кој ќе се игра вечерва во Будимпешта, ќе биде отворено 4.коло во женската ракометна Лига на шампиони.
Овој меч е практично реприза на последното финале во елитното натпреварување, во кое унгарскиот тим до титулата дојде по две продолженија.
Македонскиот првак ЖРК Вардар својот меч од оваа рунда ќе го одигра утре во СЦ „Јане Сандански“ каде од 17 часот и 30 минути ќе го започне натпреварот против руската екипа Астраханочка, против која пред седум дена црвено-црните забележаа убедлива победа на гостински терен со 31-26.
Комплетни двојки за 4.коло во Лигата на шампионките:
А група: Мец – Савенхоф (сабота) и Будуќност- Турингер (недела).
Табела: Будуќност 6 бодови, Мец 4, Турингер 2, Гласверкет 0.
Б група: ЖРК Вардар – Астраханочка (сабота) и Лајпциг – Ференцварош (недела).
Табела: ЖРК Вардар 5, ФТЦ 5, Астраханочка 2, Лајпциг 0.
Ц група: : Ѓер – Букурешт (петок) и Митјиланд – Ростов Дон (недела).
Табела: Ѓер 6, Ростов Дон 2, Букурешт 2, Митјиланд 2.
Д група: : Савенхоф – Крим (сабота) и Ларвик – Есбјерг (сабота).
Табела: Есбјерг 4, Крим 4, Ларвик 2, Савехоф 2.