Германскиот стручњак Роџер Шмит повеќе не е тренер на фудбалерите на Бенфика, соопшти денеска претседателот на португалскиот клуб Руи Кошта.
Како што соопшти поранешниот играч на Милан и Фиорентина, Шмит денеска е сменет по многу лошиот старт на тимот во новата сезона.
Бенфика освои седум од можни 12 бода во првите четири кола од шампионатот, а синоќа спаси бод против Мореиренсе со гол во 90+7. минута од белата точка.