Репрезентацијата на Доминиканската Република ја совлада Германија со 70:68 во натпреварот од второто коло во групната фаза на Светското кошаркарско првенство.
Во победничкиот тим најефикасен беше Виктор Лиз, додека во поразениот состав се истакна Денис Шродер со 20 поени.
Доминиканските кошаркари водат во групата Г со четири бода. Германците имаат два пораза по првите две кола.
Во другиот дуел од 2. коло попладнево играат Франција и Јордан.