Германија прв финалист на Европското првенство во одбојка

Од:

Селекцијата на Германија е првиот финалист на Европското одбојкарско првенство за мажи што се одржува во Краков, Полска.

Германците во првиот полуфинален меч со неверојатен пресврт ја совлада Србија со 3:2, со што се избори за меч за шампионската титула.

Иако првите два сета ги добија Србите, сепак Германците уште еднаш ја демонстрираа својата упорност.

Во првиот сет кој траеше 32.минути се играше мошне израмнето, а во самиот финиш Србите имаа повеќе концентрација и го решија во своја корист со 26-24. Тоа како да ми мотивира дополнително па во вториот сет на Германците им препуштија само 14 поени (25-14) за водство од 2:0 во сетови.

Но, упорните Германци не се предадоа, па третиот сет го решија во своја полза со 25-19, а четвртиот го добија со 27-25, за израмнување на резултатите на 2:2 во сетови.

Во решавачкиот петти сет, повеќе нерви, среќа па и спортска дрскост имаа Германците кои на крајот го добија сетот со 15-13 за конечни 3:2 во сетови и пласман во финалето.

Кој ќе биде противник на Германија во утрешното финале закажано за 20:30 часот ќе дознаеме вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат одбојкарите на Русија и Белгија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ