Германската фудбалска репрезентација најверојатно нема да учествува во квалификациите за ЕВРО 2024 година.
Германците, како домаќини на континенталниот турнир нема да ја прифатат улогата на „гостин“ и ќе играат пријателски натпревари во квалификацискиот период.
Така, Германија нема да го искористи правото за настап во една од квалификациските групи и покрај тоа што веќе го обезбеди своето место на завршниот турнир како организатор.
На пример, Франција го искористи тоа право за Европското првенство во 2016 година, исто како и Катар за Светското првенство во 2022 година.
„Како домаќини веќе се квалификувавме. Ова ни дава поголема флексибилност кога правиме планови за следната година за да можеме да се подготвиме против силни тимови“, изјави директорот на германската репрезентација Оливер Бироф.
Германија се надеваше дека како добра подготовка може да го има завршниот турнир од Лигата на нации во јуни следната година, но не успеа да го освои првото место во „групата на смртта“, во која беа Италија, Унгарија и Англија.
Ждрепката за квалификациите е закажана за 9. октомври во Франкфурт, а квалификациите ќе започнат во март следната година.
Извор: Тоспорт