Германија ја критикува ФИФА: Светско првенство на две години е штетно за фудбалот

Од:

Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) синоќа остро ги критикуваше плановите светските првенства да се одржуваат на секои две години и предупреди дека тоа ќе го загрози здравјето на фудбалерите, а женскиот и младинскиот фудбал ќе бидат маргинализирани.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) сака да ги организира фудбалските мундијали на две, наместо како досега на секои четири години, а во четвртокот објави дека за таквата идеја има поддршка и од навивачите, објавувајќи резултати од анкета спроведена во 23 држави.

Извршниот комитет на ДФБ соопшти дека ФИФА го заобиколила сопственото правило, изнесувајќи го предлогот пред група поранешни фудбалери. ДФБ ја опредупреди ФИФА дека „такви драстични промени во светскиот фудбал не можат да се случат без дозвола од европските федерации и европскиот фудбал“.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи