Репрезентациите на Германија и на Франција одиграа нерешено 24:24 во рамките на последниот натпревар од 2.коло од групата 2 (во Загреб) од Европското првенство што се игра во Унгарија и во Хрватска.
Со освоениот бод Франција остана во игра за полуфиналето.
На другите два дуела Шведска ја победи Словачка со 31:22, додека европскиот шампион Црна Гора беше подобра од Холандија со 31:27.
На чело на табелата е Шведска со 7 бодови, Црна Гора има 6, Холандија и Франција имаат по 5, Германија 1, а Словачка е без бод.
Денеска ќе се играат натпреварите од 3.коло од оваа фаза во двете групи.
Во Дебрецин на програмата се дуелите: Полска – Романија, Шпанија – Данска и Норвешка – Унгарија, додека во Загреб ќе се играат дуелите: Шведска – Црна Гора, Германија – Словачка и Холандија – Франција.