Германија десеткувана пред полуфиналето со Франција

Од:

Актуелниот светскиот шампион Германија, се соочува со големи проблеми пред полуфиналниот натпревар на Европското првенство против домаќинот Франција.

Откако поради повреда стана јасно дека Јоаким Лев на располагање ќе го нема Сами Кедира, а поради суспензија (жолти картони) полуфиналето ќе го пропушти и Јулиан Хумелс, сега „панцерите“ не ќе можат да сметаат ниту на напаѓачот Марио Гомез, додека неизвесен е и настапот на Бастијан Швајнштајнгер.
Сите овие проблеми за селекторот Јоаким Лев, дојдоа по четвртфиналниот меч со Италија кој Германија го доби на пенали.

– Кедира не можеше да продолжи и самиот побара замена. Неговата повреда не е наивна. Ќе го немаме и Хумелс поради суспензија. Но, имаме доволно квалитетни фудбалери и на клупата. Се надевав дека лекарскиот тим ќе ми даде убави вести, и дека ќе успее да го оспособи барем Марио Гомез, изјави Лев.

Гомез кој одлично ги одигра последните три меча и имаше голем придонес во пласманот на Германија меѓу четирите најдобри се пожали на повреда на задната ложа, па според првичните прогнози најверојатно за него шампионатот е завршен.

– Големо разочарување е кога во клучен дел од првенството се повредуваат важни играчи. Особено ми е жал за Марио кој прикажа одлични партии и на многу начини му помогна на тимот. Треба да ја прифатиме новата ситуација и да пронајдеме решение. Имам целосна доверба во сите мои играчи, дополни Лев.

Полуфиналниот меч против домаќинот Франција репрезентацијата на Германија ќе го игра в четврток на 7 јули во Марсеј.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ