Германските кошаркари се пласираа во финалето на Мундобаскетот, и ќе игра против Србија за титулата светски првак. Германците победија со 113:111 во неверојатно полуфинале.
Јунак на победата беше Андреас Обст, кој постигна 24 поени, но на крајот даде и клучна тројка.
Франц Вагнер постигна 22 поени, Даниел Теис 21, а Денис Шрудер 17 поени.
Кај Американците најефикасен беше Ентони Едвардс со 23 поени, а Остин Ривс постигна 21.
Финалето меѓу Србија и Германија е закажано за в недела од 14.40 часот.