Легендарниот Гери Пејтон од понеделник ќе биде нов член на „куќата на славните” во Спрингфилд.
Пејтон е роден во 1968 година и поголемиот дел од кариерата го мина во Сиетл, а се пензионираше во 2007. година.
Покрај Сиетл, тој настапуваше и за Милвоки Бакс, Лос Анџелес Лејкерс, Бостон Селтикс и Мајами Хит, со кој ја освои шампионската титула во 2006. година.
Во текот на својата кариера, Пејтон во просек бележеше по 16,3 поени, 6,7 асистенции и 1,8 украдени топки по натпревар.
Со репрезентацијата на САД има два олимписки медали од Игрите во Атланта 1996. и Сиднеј 2000. година.