Георгиевски уште три години во Металург

Од:

Десното крило на Металург и на македонската репрезентација, Гоце Георгиевски, потпиша нов договор со Металург.

– Георгиевски е вистински производ на нашиот клуб и во Металург ги помина сите старосни категории, почнувајки од нашата школа во Скопје, преку пионерската, кадетската и младинската екипа. Својата љубов кон клубот Георгиевски ја потврди со потпишување на нов, тригодишен договор, соопштија од таборот на македонскиот ракометен шампион.

Задоволство од новиот договор искажа и Георгиевски.

– Со Металург сум емотивно поврзан, бидејки целокупната моја ракометна кариера помина на паркетот во „Автокоманда“. Пресреќен сум што бев дел од најголемите успеси на мојот клуб и со нетрпение ги очекувам следните предизвици. Потпишав тригодишен договор и ќе сторам се за да ја оправдам довербата, вели крилниот играч на металурзите.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он