Георгиева и Радичевска ќе се борат за бронза на Европското карате првенство

Од:

Македонските каратисти веќе осигураа еден медал на Европското првенство што се одржува во турскиот град Кочаели, а имаат шанса за уште еден, односно два бронзени медали.

Откако Берат Јакупи се избори за место во финалето во категоријата до 84 килограми, Јована Георгиева во категоријата до 55 кг обезбеди борба за бронзениот медал.

Георгиева во репасажот ја совлада Вероника Халодова (Словачка) 2-0 на поени и си обезбеди борба за бронзениот медал во која за противничка ќе ја има Французинката, Емили Туј.

Претходно Георгиева ја победи Јулија Рајтер од Австрија со 3-1, а во второто коло загуби од Сара Кардин (Италија). Бидејќи Италијанката се пласира во финалето и овозможи на нашата каратистка да настапи во репасажот, можност која младата штипјанка не ја пропушти.

Шанса за борба за бронзен медал ќе има и Сара Радичевска (-50 кг) доколку во репасажот успее да ја совлада Серап Озџелик од Турција.

Би можело да ве интересира

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје

Девет медали за каратистите на „Макпетрол“ на Балканскиот шампионат