Геј доби повик од Крижевски

Од:

Играчот на Сакраменто Руди Геј дополнително е повикан во составот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави која се подготвува за Светското кошаркарско првенство.

Големиот број повредени играчи и откажани настапи го натераа селекторот Мајк Крижевски да го повика Геј. Овој кошаркар беше дел од селекцијата на САД на СП во Турција 2010 година.

Геј изминатата сезона во НБА лигата настапувајќи за Торонто и Сакраменто имаше просек од 20 поени, 6 скокови и 2,9 асистенции.

САД кои ја бранат титулата светски првак, во првата фаза од Мундобаскетот во Шпанија (почнува на 30.август) се наоѓаат во Ц групата заедно со селекциите на Доминиканска Република, Финска, Нов Зеланд, Турција и Украина.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос