„Газење“ во Спа! Ферстапен од 14. место до супериорна победа

Од:

Асот на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен направи уште еден голем чекор кон одбрана на Формула 1 титулата, откако во една супериорна трка, од 14. место на стартот стигна до убедлива победа на Белгиското ГП пред својот клупски колега, Серхио Перез, во трка во која уште еднаш се покажаа слабостите на Ферари, на стратешки план, но и во перформансите на болидот.

Ферстапен беше супериорен цел викенд на неговата омилена патека, Спа-Франкошамп, но стартуваше од средината поради тоа што Ред бул го сменија неговиот мотор. Болидот, кој сигурно беше секунда по круг побрз од машините на ривалите, ја покажа својата сил, и Ферстапен лесно се искачи на првото место, претекнувајќи го Карлос Саинс Јуниор толку лесно во 12. круг, што Шпанецот немаше шанса ниту да се обиде да направи дефанзивен потег. По ова, тој направи предност од над 16 секунди пред Чеко Перез за можеби најлесна победа во неговата кариера.

Стартот на трката беше одбележан со судирот на двајца поранешни светски шампиони и поранешни клупски колеги, Луис Хамилтон во Мерцедес и Фернандо Алонсо во Алпине. Хамилтон не му даде доволно место на Алонсо да ја помине третата кривина од трката, по што Алонсо го нарече Хамилтон „идиот“ во радио-пораката, но Британецот не доби казна од стјуардите.

Проблемите на Ферари почнаа кога го повикаа Шарл Леклер уште на стартот на трката во боксот за менување на гумите, по што тој не можеше да го следи недопирливиот Ферстапен. Саинс успеа да го одбрани местото на подиумот од Џорџ Расел во Мерцедес, додека Леклер на крајот заврши со петтото место, како што му порачаа и од тимот во интересна радио-порака.

Алонсо беше шести за Алпине, а во поени беа и неговиот колега Естебан Окон, Себастијан Фетел (Астон Мартин), Пјер Гасли (Алфа Таури) и Алекс Албон (Вилијамс).

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур