Гасол гледа кон Токио и својата петта Олимпијада

Од:

Пау Гасол очекува целосно да се опорави од повредата на ногата и да учествува на своите петти Олимписки игри ова лето. Одржувањетона Олимписките игри во Токио во последниве денови е ставено подзнак прашалник од медиумите, а причината е јасна – коронавирусот.

Сепак, Гасол, кој наполни 40 години на почетокот на јули и не играл на официјален натпревар скоро една година, верува дека ќе има олимписки турнир во кошарка.

„Очекувам дека ќе се опоравам и ќе можам да играм малку повеќе. Не брзам, сè се случува постепено, чекор по чекор. Потребно е трпеливост кога сте во ситуација како мојата и не играте долго време. Се надевам дека сè ќе биде во ред и ќе се опоравам на време. Моето одбивање е нешто што неизбежно ќе се случи, но ајде да видиме кога – дали ова лето, дали следната сезона или потоа … “, рече Гасол во интервју за „Мундо Депортиво“.

Тој изрази благодарност до Шпанската федерација за поддршката што ја добивал цело време и за потенцијалната можност да биде дел од националниот тим следното лето.

Дебито на Олимпијада на Пау беше во Атина 2004 година, а потоа беше дел од „Ла Роха“ и во Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016, освојувајќи два сребрени медали (2008 и 2012) и една бронза (2016).

Би можело да ве интересира

„Лејкерси“ ја повлекуваат „16-та“ на Гасол

А1он

Браќата Гасол ја завршија репрезентативната кариера

Катерина Ѓуровски

Пау Гасол до декември ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата

Жарко Настоски

Гасол сподели каде сака да ја заврши кариерата

А1он

Пау Гасол: Би сакал да ја завршам кариерата во Лејкерс или Барселона

А1он

Гасол се сети на Коби: Ни треба тој менталитет во моментов

Ана Ололовска