Гарнет и Пирс го засилуваат Бруклин

Од:

НБА екипите Бостон Селтикс и Бруклин Нетс постигнаа договор Кевин Гарнет и Пол Пирс да заминат во Бруклин, а за возврат Селтикси да ги добијат трите „пика“ во првата рунда на драфтот 2014, 2016 и 2018 година, како и играчите Крис Хемфрис, Џералд Валас, Реџи Еванс, Кит Боганс и Торник Шенгелија.

Со оваа „трампа“ Бостон и дефинитивно се одлучува за реконструкција и подмладување на екипата, додека Бруклин доби две супер ѕвезди кои ќе бидат носители на играта на тимот предводен од Џејсон Кид.

Измината сезона во основнит дел од НБА лигата Бруклин имаше биланс од 49 победи и 33 порази, додека Бостон оствари ефект од 41 победа и 40 порази.

Во плеј-офот Бруклин беше елиминиран од Чикаго во првото конференциско коло, додека Бостон загуби од Њујорк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ