Гардијан: Путин стои зад нередите во Франција

Од:

Англиски “Гардијан“ пишува дека “неименуван член на британската влада“ е уверен дека зад нередите на ЕУРО 2016 стои првиот човек на Русија, Владимир Путин.

-Тешко е да се докаже дека се оркестрираше Кремљ, но можевме да видиме голем број руски навивачи кои се униформирани лица во својата земја. Сето тоа делува како продолжение на хибридната војна која ја води Путин, ја пренесува “Гардијан“ изјавата на неименуван дипломат.

Иако никаде не се објаснува што е тоа што укажува дека навивачите се активни полицајци и војници, во тесктот се истакнува дека “хибридната војна претставува намера на светот да му се покаже руската сила, а на народот во Русија да му се покаже дека светот е против нивната држава“.

Путин претходно кажа дека е модерно Русија да е виновна за се што се случува, но и дека е срамота да се тврди дека 200 руски навивачи претепале над илјада англиски навивачи.

Би можело да ве интересира

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници