Екипата на “Фуксе Берлин” го претстави Даинис Криштопанс како свој нов играч.
Поранешниот ракометар на скопски “Вардар” потпиша договор до крајот на сезоната, а потоа ќе замине во редовите на” ПСЖ”.
Денеска Криштопанс позираше со дресот на тимот од Берлин и беше претставен пред навивачите.
Десниот бек двапати ја освои Лигата на шампионите во „црвено-црниот“ дрес.