Во потег кој одлично илустрира што значи Диего Марадона за италијанскиот град Неапол и за навивачите на локалниот клуб во кој Аргентинецот помина важен дел од кариерата, градските власти во Неапол експресно донесоа одлука за преминување на стадионот „Сан Паоло“, кој од денеска ќе го носи името на неодамна заминатата фудбалска легенда.
Марадона во 1984 година го изненади фудбалскиот свет со трансферот од Барселона во Наполи, а во следните години остави неизбришлива трага во прволигашот од Неапол со кој освои две шампионски титула во Италија, како и Купот на УЕФА.
-Изминатите 17 години имав разговори со градските власти со желба да го купам стадионот и да го применувам во Диего Армандо Марадона. Тоа е единственото исправно нешто, во знак на сеќавање на Марадона. И да започневме да градиме нов стадион јас повторно би го именувал по него, изјави претседателот на италијанскиот прволигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, за „Скај Италија“.